1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Протести на парламентарците во Иран

Решението на конзервативно-исламскиот Совет на чуварите на револуцијата за исклучување на повеќе стотици реформски ориентирани кандидати од парламентарните избори во февруари, предизвика жестоки протести во Иран. Претседателот Мохамед Катами изјави дека актуелните методи не се соодветни на религиозната демократија. Министерството за внатрешни работи соопшти дека заклучокот на советот е нелегален и дека нема да биде спроведен.

Советот на чуварите на револуцијата во Иран, предводен од Ајатолахот Али Камнеи, го има последниот збор по важни политички и правни прашања во земјата. Реформски ориентираните кандидати за изборите што треба да се одржат на 20 февруари, со штрајк со седење пред парламентармната зграда, имаат намера да го изразат својот протест против решението на Советот за исклучување на повеќе стотици кандидати од изборната трка. Никогаш порано, Советот не исклучил толку многу активни парламентарци од можноста за нова кандидатура, меѓу нив и заменикот претседател на парламентот. Советот во изминатиот легислативен период ги блокираше и повеќето реформски закони. Кај народот тоа предизвикуваше фрустрации и вртење грб на политиката. На комуналните избори минатата година, повеќето Иранци останаа дома - резултатот од изборите гласеше: голема победа на конзервативците, а истото се очекува и на изборите во февруари.

Доколку решението на Советот на чуварите на револуцијата остане, повикот за бојкот на изборите ќе биде се' погласен. Тој е особено раширен кај студентите, коис е надеваа многу на реформите на претседателот Катами и се најразочарани од непридвижувањето на нештата во земјата.