1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Протести на очајните Грци

Во знак на протест поради радикалниот диктат за штедење наметнат од владата, Грците повтроно штрајкуваат. На демонстрациите во Атина меѓутоа излегоа многу помалку луѓе од очекуваното.

Работниците во Грција денеска со 24-часовен штрајк на Денот на трудот протестираат против политиката на штедење на владата.  Бродовите и возовите денеска не  сообраќајот, поради штрајк на вработени во поморскиот и железничкиот сообраќај.

Вработените во компаниите во овие сектори учествуваат во штрајкот, на кој повикаа двата најголеми синдикати во земјата - на вработените во приватниот сектор ГСЕЕ и во државниот сектор АДЕДИ.

Министерствата и другите служби се затворени. Лекарите во државните болници ги третираат само итните случаи.

„Нашата порака  е јасна. Нам ни е доволно од оваа политика која ги погодува само сиромашните луѓе и уште повеќе ги осиромашува“, изјави генералниот секретар на синдикатот АДЕДИ, Илијас Илијопулос.

Протестите се насочени против планираното отпуштање на 15 илјади јавни и државни службеници и натамошни кратења на платите и пензиите.

Во центарот на Атина денеска се собрале, според полицијата, околу 5 илјади луѓе. Помали демонстрации има и во другите градови на Грција, но и таму бројноста е под очекуваната.

Грчкиот премиер Антонис Самарас покажа бескомпромисност во спроведувањето на политиката на штедење. Со тоа пред меѓународните кредитори тој демонстрира решеност за примена на бараните непопуларни реформи во високо задолжената земја.

По усвојувањето на последниот пакет мерки за штедење во грчкиот парламент, Грците добиваат натамошна финансиска помош. На 13 мај се очекува потврдата за ослободувањето на траншата од шест милијарди евра.