1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Протести на македонското МНР поради провокациите на воената парада во Солун

Отворениот национализам и шовинизам изнесени на официјална манифестација не и’ прилегаат на земја членка на НАТО и на ЕУ-се вели во изјавата на Министерство за надворешни работи по повод завчерашните провокации во Солун.

default

Најновиот инцидент се случи на воена парада во вториот по големина град на Грција, Солун

На парадата по повод Денот на одбивањето на Грција да и’ се приклони на фашистичка Италија во 1940-та година припадници на регуларниот состав на армијата извикувале „Македонија е грчка“ и „Името нема да им го дадеме на Скопјаните“. Македонското Министерство за надворешни работи направи видео запис од најновиот настан при воената парада во Солун. Овој материјал ќе биде дистрибуиран до сите меѓународни институции, пред се’ до НАТО, порачаа претставници на Министерството во Скопје.

Да потсетиме, пред една година беше објавена телевизиска сторија од грчките специјалци, кои на напорните вежби пееле војнички песни со слични националистички тонови.

Протести од македонските власти

Parlament Gebäude in Skopje, Mazedonien

Официјално Скопје реагираше со осуда на провокацијата во Солун

Заменик Министерот за надворешни работи на Република Македонија Зоран Петров денеска јавно реагираше: „Ваквиот чин на демонстрација на сила и непријателство кон Македонија е во директна спротивност со јавните заложби на државниот врв на Грција за добрососедство и конструктивен приод во решавањето на отворените прашања меѓу државите од регионот.“

Овој пат Македонското МНР не ја повика амбасадорката на Грција во Скопје да и’ врачи протестна нота, како што тоа се случи при претходниот инцидент со уапсените селани од македонско потекло при воената вежба на грчката армија во Леринско. Очигледно е дека во фазата на интензивирани преговори околу името Македонија се обидува да остави впечаток дека не ги затегнува односите со јужниот сосед.

На парадата не присуствуваше македонскиот министер за одбрана

Mazedonischer und US-Verteidigungsminister Zoran Konjanovski und Robert Gates in Ohrid

Македонскиот Министер за одбрана на сликата заедно со американскиот ресорен колега Роберт Гејтс во Охрид

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Коњановски не беше на воената парада во Солун, иако доби покана исто како и повеќемина негови ресорни колеги од регионот. „Мислам дека е сосема јасно зошто не отидов во Република Грција. Моите оперативни сознанија имено зборуваа дека токму такво нешто може да се случи“ - порача Коњановски. Тој исто така неодамна јавно потврди дека грчката армија врши вежбовни активности во местата блиску до границата со Македонија, што предизвикува незадоволство кај властите во Скопје.