1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Протести на илјадници приврзаници на опозицијата во Грузија

*

Во Грузија, илјадници приврзаници на опозицијата протестираа против претседателот на земјата, Михаил Саакашвили. Демонстрантите собрани пред парламентот во главниот град Тбилиси, бараа предвремени парламентарни и претседателски избори, напролет 2008-ма година. На главниот собир на опозицијата, што треба да се одржи денеска, се очекуваат околу 100 илјади демонстранти. Голем дел од грузиското население е незадоволен поради тоа што не се остварија надежите за подобар живот по т.н. револуција на розите во 2003 година. Престедателот Саакашвили впдо про-западна политика. И покрај економскиот полет, сиромаштијата во земјата не е значително намалена.