1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Протести на Гринпис ширум светот поради апсењето во Русија

Поддржувачите на организацијата за заштита на животната средина Гринпис денеска (05.10.) на протести ширум светот бараат Русија да ги ослободи затворените активисти на оваа огранизација.

Во Германија денеска беа организирани околу 45 протестни акции. Демонстрации се одржаа или се планирани уште во десетици земји во светот, меѓу другото и во градови како Париз, Лондон, Мадрид, Ден Хаг. Завршната акција треба да се одржи во Вашингтон. Русија е под зголемен меѓународен притисок поради апсењето на 30-члениот екипаж на бродот на Гринпис „Арктик Санрајс“. Мала група активисти денеска се собра на протести и во паркот Горки во Москва.

Greenpeace Aktivist Ruslan Yakushev verhaftet

Руслан Јакушев, украински активист на Гринпис уапсен во Русија заедно со уште 17-те други активисти

Руските правосудни власти уапсија и притворија 30 екологисти од 18 земји по една протестна акција во Арктикот поради, како што беше наведено, „пиратство“. Активистите на Гринпис на средината од септември упаднаа на една руска платформа во Арктикот за на тој начин да обрнат внимание на ризиците по животната средина од експлоатацијата на нафта и гас во тој дел од светот. Доколку бидат осудени, на притворените им се закануваат казни до 15 години затвор. „Арктик Санрајс“ пловеше под холандско знаме.

Руската влада денеска реагираше без вобуда на растечкиот меѓународен притисок. Настаните околу „Арктик Санрајс“ се „чиста провокација“, изјави заменикот руски министер за надворешни работи Алексеј Мешков за агенцијата Риа Новости. „Русиjа ја замоли Холандија повеќе пати во изминатите 6 месеци да ги забрани активностите на бродот“, рече Мешков. Холандската влада вчера соопшти дека има намера да преземе правни чекори против Русија, доколку во наредните две недели не биде постигнат напредок во спорот.