1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Протести во Чикаго пред самитот на НАТО

Во пресрет на НАТО-самитот во Чикаго се очекуваат нови протести во американската милионска метропола. За денеска организаторите повикаа на масовни демонстрации. Досегашните протести минаа подобро од очекувањата.

Уште пред почетокот на самитот на НАТО во Чикаго, илјадници демонстранти излегоа на улиците. Од полициски извори се вели дека на протестите од текот на измината ноќ имало неколкумина повредени и приведени демонстранти. Масовни безредија, од кои се стравуваше досега, изостанаа, иако во текот на вчерашниот ден полицијата неколку пати се судри со маскираните демонстранти. Исто така, меѓу облакодерите во Чикаго полицијата се надмудруваше со демонстрантите кои носеа плакати на кои пишуваше „НАТО е исто што и трета светска војна“.

Со денови се’ повеќе демонстранти доаѓаат во третиот по големина американски град. Најголемите протести се очекуваат денеска (20.05) попладне по локално време. Организаторите повикаа на масовни демонстрации во центарот и очекуваат дека на протестите ќе учествуваат десетици илјади демонстранти. Полицијата од своја страна драстично ги зајакна мерките за безбедност.

Силите за безбедност, според сопствени извори, спречиле повеќе планирани напади со подметнување пожар. Тројца млади мажи исто така се сомничат за тероризам. Кај уапсените бил пронајден прибор за подметнување пожар и оружје.

Местото кадешто се одржува конференцијата на НАТО, јужно од центарот на Чикаго, е целосно заградено. Хеликоптери постојано го надлетуваат просторот. Досега најголемиот самит на НАТО ќе се одржи денеска и утре (20/21.05).