Протести во Пакистан | Свет | DW | 05.11.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Протести во Пакистан

Во Пакистан се оддржуваат нови протести. Според официјално непотврдени податоци досега се успасни или се во домашен притвор повеќе од 1600 политичари, опозиционери и борци за човековите права.

default

Протести во Пакистан

Во цел Пакистан, денеска три дена откако е воведена вонредна состојба, се одржуваа протести, најавени опозиционите политичари, борците за човекови права и адвокатите. Движењето на адвокатите критички настроени кон Мушараф, уште пролетва водеа масовни протести против семоќта на претседателот и шеф на армијата. Но прашање е дали ќе има ново издание. Во ситуација на вонредна состојба, значително е потешко да се пружи отпор. Приемот на приватните медиумски станици и натаму е прекинат, а укинати се и редица граѓански права: правото на слободно движење, правото на мислење и собирање „Забранет е сакаков вид за собири. Слободата на говорот речиси да ја нема.“ вели борецот за човекови права Тахира Абдула во Исламбад. Во текот на викендот се упасени или се ставени во домашен притвор стотици опозицонери и кртичари на Мушараф.

Первез Мушарав, воведувањето вонредна состојба го објасни со тоа дека Пакистан бил на работ на дестабилизација. Поради насилството на екстремистите и поради правниот систем, кој се меша во законите и владата. По долгите преговори за тоа дали реизборот на Мушаеаф е правно оправдан целата нација има чувство на несигурност, смета Мушараф.

Мислењено на населението е поделено „Сметам дека ове целосно е неприфатливо, што еден човек за своја сопствена корист во игра ја става целата земја и населението. Ова ќе му наштети на Пакистан.’’ Вели еден човек, друг има спротивно мислење „Состојбата во земјата се влошуваше од ден на ден, затоа немаше друга опција освен вонредна состојба. Политичарите обострано се провоцираа.“

Мушараф и неговиот премиер Шаукат Азиз вуверуваат дека ќе се продолкжи со процесот на постепен премин кон демократијата. Ќе се оддржат и парламентари избори, но сеуште не е одлучено кога, истакна Азиз. Во ситуација на вонредна состојба, мандатот на сегашниот парламент, може да се продолжи најмногу за една година. Но во очите на двете опозициони партии и поранешните премиери Беназир Буто и Наваз Шариф вонредната состојба е спротивна на уставот, а Мушараф го прекршил своето ветување за развој на демократијата.

Мушараф сака да ја спаси само својата кожа фомулира и познатиот Уводничар Ајаз Амир „Ќе има отпор. Никој не е среќен со оваа одлука. Во целата земја има големи немири и незадоволство. Секој во Пакистан знае дека Мушараф го стори ова за да се спаси од долгорочно оддржлива одлука.“