1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Протести во Либија против новите властодршци

Меѓу 20 и 30 илјади Либијци протестираа во градот Бенгази против либискиот Преоден национален совет.

default

Порано се демонстрираше против Гадафи, сега против новите власти (фото: Бенгази, мај 2011)

Во градот каде со месеци се протестираше против соборениот диктатор Моамер Гадафи, сега демонстрантите бараат поголема праведност и транспарентност од новата власт. Се‘ погласни се и повиците за отстранување од власта на сите политичари кои биле поврзани со претходниот режим. Претседателот на Преодниот национален совет, Мустафа Абдул Џалил, побара од луѓето трпение до изградбата на демократски структури. Новите властодршци планираат интеграција на борците во цивилното општество и поголема автономија за градовите и регионите. За оние кои извршиле злосторство против сопствениот народ, нема да има милост, истакна Џалил.

Тој вети дека во рок од сто дена во Либија ќе биде создаден функционирачки апарат за безбедност во државата.

Автор: ЖА/ ЕМФ/ дв

Редактор: Александра Трајковска