1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Протести во Белорусија

Опозицијата во Белорусија останува на своите барања да се повторат неодамна оддржаните претседателески избори.

Од демонстрациите во Минск

Од демонстрациите во Минск

Во последните денови имаше масовни протести, но и покрај насилното однесување на полицијата белоруската опозиција, за денеска повика на нова голема демонстрација во Минск. „Закажавме протести за 25 март, и тие ќе се оддржат, па што и да се случи“ најави претходно водачот на опозицијата Александар Милинкевич. Протестите како и сите досегашни демонстрации не добија одобрување од страна на властите, но опозцијата денешниот ден го користи поради тоа што се одбележува незавиисноста на кратортрајна белоруска република од 1918 година.

Од Минск денеска доаѓаат вести и дека Белорусија ќе возврати на можните рестрикции кои ги најавија западните држави. Мено американскиот претседател Џорџ Буш вети поддршка за противниците на автократскиот режим на белорускиот претседател Александар Лукашенко, а шефовите на држави и влади на ЕУ во текот на пролетниот самит кој се оддржа во Брисел исто така дебатираа и ја критикуваа ситуацијата во Белорусија по што најавија и санкции за земјата.