1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Протести во Баскија

*

Повеќе илјади лица во шпанската покраина Баскија и во соседниот регион Навара демонстрираа против апсењето на повеќе лидери на забранетата сепаратистичка партија Батасуна. Најголеми протести вчера имаше во градовите Билбао и Сан Себастијан . Учесниците побараа независност за покраината во северниот дел на Шпанија . Во четвртокот во полициска акција беа уапсени 23 водечки припадници на партијата Батасуна.