1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Протести во Атина по самоубиството на пензионер

По самоубиството на еден презадолжен пензионер во Атина, илјадници луѓе излегоа на протести против мерките за штедење на грчката влада.

Според изјави на очевидци, на протестот против владините политики за ригорозно штедење и во чест на несреќниот пензионер, дошло и до безредија. Некои демонстранти фрлале со молотови коктели и со шишиња врз полицијата, кој пак употребила солзавец за нивно растерување. Демонстрантите го означија самоубиството на 77- годишниот пензионер на плоштадот Синтагма како убиство извршено од државата. Премиерот Лукас Пападимос пак, ја нарече „трагична“ смртта на пензионерот, кој пред да го изврши самоубиството извикал дека повеќе не може да ги издржи долговите што ги има. Во неговиот мантил било пронајдено проштално писмо, во кое тој ја обвинува политиката за состојбата во која се нашол.

Griechenland Akropolis Athen Touristen

Грчките социолози предупредуваат на нагло зголемување на бројот на самоубиства поради кризата

„Владата ја уништи секоја надеж за мојот опстанок, а јас не можам да ја добијам правдата. Не можам да најдам друг начин на борба, освен достоен крај пред да почнам да чепкам по ѓубриштата во потрага по храна“, ја цитираше грчката државна телевизија пораката најдена кај несреќниот пензионер.

Грчката влада остро ги намали владините трошоци, вклучувајќи ги и драстичните намалувања на платите и пензиите, во замена за добивањето на вториот пакет меѓународна финансиска помош и кредит од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд во висина од 130 милијарди, кои се користат за поддршка на грчкиот финансиски систем и сервисирањето на огромниот грчки долг.

Грчките социолози предупредуваат на наглото зголемување на бројот на самоубиства поради кризата.