1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Протести воочи Конференцијата на СТО

Во вторник во Хонг Конг започнува 6-та министерска конференција на Светската Трговска Организација . Министрите до 19 декември треба да го отворат патот за натамошна либерализација на светката трговија

default

Вчера , значи, два дена пред официјалниот почеток на разговорите , критичарите на СТО ги започнаа првите протести.

„ Конг Је Саи Мау “- „Запрете ја соработката меѓу Владата и Економијата“ – беше мотото на почетокот на демонстрациите на противниците на Светската Трговска Организација во Хонг Конг. На маршот од паркот Викторија до владините згради во центарот на Хонг Хонг учествуваа околу 4 илјади луѓе , значително помалку отколку што се надеваа организаторите од Народната Алијанса на Хонг Конг против СТО . Тие сметаа на 10 илјади демонстранти.

За разлика од пред една недела кога 80 илјади жители на Хонг Конг демонстрираа на истотот место за повеќе демократија , учеството на локалното население на протестите против СТО беше далеку послабо. Многу жители на Хонг Конг на само неколку метри оддалеченост од маршрутата на демонстрантите , го правеа редовното неделно пазарување.

Наспроти тоа на улиците излегоа изненадувачки голем број јужноазиски мигранти , на пример филипински работници од Хонг Конгт или пак индонезиски доселеници од Макао.

Демонстрантите побараа да нема натамошна либерализција на светската трговија.

„ Не сакаме повеќе да увезуваме продукти од други земји , туку да ги подржиме нашите производи“ – смета еднаод учесничките на протестот .

Поголемиот дел од демонстрантите се надеваат дека во Хонг Конг нема да биде постигната согласност меѓу земјите членки на Светската Трговска Организација . Многумина посакуваат пропаѓање на преговорите каков што беше случајот пред две години во мексиканскиот град канкун.

Оливер Молденхауер од антиглобализациската мрежа Атак од Германија појаснува :

Во последниве години почуствувавме дека глобализацијата не функционира за сиромашните во овој свет , дека на земјите во развој не им оди подобро и оти многу назадуваа. СТО сака да продолжи токму со овој курс и дури и натаму да го заостри: со намалување на царините на земјите во развој , со проширувањето на правата на интелектуална сопственост и со проширувањето на правилата на СТО за трговија со услужни дејности

Протестите во Хонг Конг инаку минаа мирно во една многу релаксирана атмосфера. Нереди од кои се стравуваше не се случија.