1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Протестите на учителите во Бразил преминаа во безредија

На маргините на демонстрациите на учителите во Рио де Жанеиро дојде до силни безредија и судири со полицијата во кои таа употреби солзавец и електрични палки.

Неколку илјади лица демонстрираа во Рио де Женеиро вчера во знак на поддршка на учителите кои бараат поголема плата, а мирните демонстрации на крајот преминаа во нереди, кога маскирани анархисти запалија оган и се обидоа насилно да влезат во градското собрание

По неколку часа мирни протести, најмалку 200 маскирани анархисти оштетија неколку објекти, меѓу кои и банки и се обиделе да ги ограбат банкоматите. На неколку места бил запален оган. Запален е и еден автобус на прометната авенија Рио Бранко, а анархистите изнесувале мебел од банките и го поставувале како барикади пред полицијата. Молотови коктели биле фрлани и врз амбасадата на САД.

Во знак на солидарност со своите колеги, и на улиците на Сао Паоло илјадници учители излегоа на протести. Таму насилници целосно демолирале една банкарска филијала. Маскираните лица палеле контејнери. Полицијата употребила солзавец и електрични палки. Повредени се повеќе луѓе, а најмалку 12 демонстранти се уапсени.

Организаторите на демонстрациите велат дека во нив учествувале 50.000 лица, а полицијата тврди дека биле околу 10.000.

Учителите во Рио де Жанеиро околу две недели протестираат барајќи поголеми плати и подобри услови за работа. Тие се противат и на локален закон кој ги регулира меѓу другото платите и текот на нивниот професионален живот.