1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Протестите во Тајланд се шират и натаму

Масовните протести против владата во Тајланд не само што не стивнуваат, туку се шират и натаму. Полицијата не го апси лидерот на опозицијата, и покрај налогот за апсење издаден вчера (26.11).

Маршот на илјадници демонстранти во Банкок кон комплекс владини објекти во северниот дел на градот со цел да се окупираат министерства, го предводеше Сутеп Таунгсубан. За опозицискиот лидер има налог за апсење, но полицијата не интервенираше, поради тоа што тој беше опкружен со демонстранти. Намерата на демонстрантите е да ја блокираат работата на министерствата за труд, за индустрија, за наука, за трговија и за јавно здравје, со тоа што нема да ги пуштат службениците да влезат во зградите.

Протести имаше и надвор од главниот град на Тајланд. Демонстрантите бараат оставка на премиерката Јинглак Шинаватра, која е сестра на поранешниот премиер Таксин Шинаватра. Тој беше соборен од власт во 2006 година и осуден за корупција. Сега Таксин Шинаватра е во егзил во Дубаи. Демонстрантите ја обвинуваат неговата сестра дека е само негова марионета.