1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Протестите во Тајланд продолжуваат

Во Тајланд продолжуваат протестните акции. Демонстрантите се обидуваат да запоседнат што е можно повеќе државни институции и со блокада на администрацијата да ја принудат владата на оставка.

Илјадници противници на владата денеска повторно излегоа на улиците на Тајланд. Тие навлегоа во просторот пред државен концерн за телекомуникации кој се наоѓа во близина на веќе запоседнатиот коплекс на министерства во главниот град Бангкок. „Знаеме дека е тоа нелегално“ рече еден водач. Вчера тие навлегоа во дворот на главното седиште на армијата.

Демонстрантите имаат намера и натаму да запоседнуваат држави институции за со блокада на администрацијата да ја принудат владата на оставка.

Во текот на ноќта водачот на протестите Сутеп Таунгсубан презентираше т.н. Народен комитет, кој треба привремено да ја води државата. Тој се состои од 37 мажи со Сутеп Таунгсубан на раководната позиција. За сега е неизвесно што за тоа мислат пред сѐ младите демонстранти.

Во главниот град на Тајланд, Бангкок, полицијата пак ги зајакна безбедносните мерки поради повеќедневните протести против владата. Околу 5000 полициски службеници денеска (30.11) треба да ја штитат владата, изјави претставник на полицијата.

Од агол на демонстрантите актуелната шефица на владата, Јинглак Шинаватра, е само марионета на брат и‘, поранешниот премиер Таксин Шинаватра, кој беше соборен од војската и сега се наоѓа во егзил.