1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Протестите во Либија се шират

Протестите против режимот на либискиот претседател Моамар ел Гадафи продолжуваат. Во главниот град Триполи, според очевидци во пламен се повеќе објекти. Меѓународните компании ги евакуираат соработниците.

default

Во Либија горат објекти

Немирите во Либија се проширија во главниот град. Попладнево во едно од предградијата на Триполи запалена е полициска станица, како и зградата на Олимпискиот комитет во градот, а веќе со часови гори и владин објект, пренесува новинската агенција Ројтерс.

Гневните демонстранти ја продолжуваат својата борба против режимот на Гадафи. Но, се’ уште се слушаат

Libyen Unruhen Proteste in Bengasi

информации дека силите на редот стрелаат во луѓето кои протестираат. Арапската телевизиска станица Ал Џезеира информира за 60 жртви. Според информации на либискиот весник „Курина“, поради протест против задушувањето на демонстрациите оставка поднесол министерот за правда Мустафа Мохамед Абуд ал Џелили. Официјална потврда за оваа информација нема.

Според либиски весник, народен бунт избил и во градот Расланув, таму се наоѓа рафинерија за нафта. Во меѓувреме германските и меѓународните компании ги евакуираат сорабониците и нивните семејства. Поради немирите во Либија и Европската унија размислува за можна евакуација на граѓаните од оваа северноафриканска земја „Загрижени сме поради состојбата“, изјави шпанскиот министер за надворешни работи Тринидад Хименез на редовната средба на европските министри денеска во Брисел. Специјален лет на Туркиш ерлајнс, меѓутоа утрово мораше да ја прекине акцијата за евакуирање на турски граѓани, оти не доби дозвола за слетување во Бенгази. Тие ќе треба по копнен пат да ја напуштат земјата.

Автор: АТ/ ЖА/ дв/ ртр/ дапд/

Редактор: Жана Ацеска