1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Протестите во Бугарија ескалираат

Протестите ја парализираа најсиромашната земја во ЕУ. Парламентот не може да функционира. Демонстрантите бараат оставка на владата. Ни владејачките социјалисти не исклучуваат нови избори.

Само шест месеци по изборите, Бугарија повторно е во тешка политичка криза. Среде жестоките протести против владата, во која доминираат социјалистите, националистичката партија Атака денеска спречи важна собраниска седница. Новата влада затоа не може да го спроведе именувањето на нов заменик премиер. Демонстрантите пред Парламентот бараат оставка на владата, коалиција на Социјалистичката партија со партијата на турското малцинство, ДПС. Тие извикуваат „Мафија“ и фрлаат со домати.

Протестите против „корумпираниот политички модел, почнати пред две недели, треба вечер да продолжат. Демонстрантите ја обвинуваат владата за зависност од олигарсите. Владиниот табор во Софија најави контрадемонстрации. Социјалистите, првпат по предвремените парламентарни избори на 12 мај, не исклучуваат одржување нови избори. Тоа зависи од партијата Атака, изјави шефот на социјалистите, Сергеј Станишев. За воопшто да може да започне седница во Парламентот, треба да е присутен најмалку еден пратеник на Атака, која е антиевропски расположена. Конзервативната опозициона партија ГЕРБ со денови го бојкотира парламентот.

Денеска демонстрантите ги исвиркувале министерот за финансии Петар Чобанов и министерот за внатрешни работи Цветелин Јовчев, кои излегувале од собранието. Службените автомобили со министрите сепак успеале да го напуштат парламентот, обезбедувани од силен полициски кордон. На сличен начин зградата на парламентот ја напуштил и премиерот Пламен Орешарски, по еден час престој во парламентот, и притоа изјавил дека не се чувствува како заложник на демонстрантите. И на заменичката на спикерот на бугарскиот парламент, Маја Манолова, исто така, не и’ било дозволено да го мине синџирот на демонстрантите кои двапати денеска одбиле да почнат разговори. Претходно бугарскиот министер за внатрешни работи рече дека владата нема да поднесе оставка, а тој „знае како да си ја заврши работата“. Пратеникот од владејачката Коалиција за Бугарија, Димчо Михалевски бил погоден до домат на службениот влез на Народното собрание. Неговиот колега Јордан Цонев бил удрен со шише во главата.