1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Протестантски пастор станува жена

Свештеник од Баварија цел живот не се чувствувал добро во телото на маж, а пред неколку години и самиот себеси си’ признал дека повеќе би сакал да биде жена. Наскоро ќе го промени полот, но останува без работа...

Протестантската црковна заедница Нојфарн во Баварија. Ја води свештеникот Андреас Цвелфер. Се' уште е маж, но набрзо ќе стане жена и ќе отстапи од функцијата во црквата. Тоа овој 49-годишен транссексуалец им го кажа на своите претпоставени уште пред неколку недели. „Многумина веднаш рекоа: 'Па можете да останете овде!' и сакаа со задоволство да гласаат за тоа. Мнозинството јасно гласаше за нас.", вели пасторот.

Наскоро промена на полот

Се мисли на Андреас Цвелфер и неговата сопруга Клаудија, истотака пасторка. Тие се 27 години во брак. Веќе сега тој го користи само името Доротеа. Меѓутоа со ваквата транссексуалност многумина во заедницата имаат и проблеми. Како што имал и самиот свештеник. Цел живот не се чувствувал добро во телото на маж, дури пред неколку години и самиот себе си си' признал дека повеќе би сакал да биде жена. „Во 2011. се стана појасно, кога Доротеа излезе на виделина. Тогаш одеднаш забележав: јас сум жена, отсекогаш сум бил и ќе станам жена и мене ми недостасуваат многу работи кои жените инаку ги имаат. И тоа беше моментот кога многу се исплашив, бидејќи помислив: што сега? Се плашев дека мојот брак ќе пропадне и не бев сигурен што ќе се случи со мојата работа."

Доротеа, тогаш се' уште Андреас, на својата сопруга и' ја кажал вистината и таа нашла разбирање за тоа. И по скорешната промена тие ќе останат заедно. „Се омажив за неа додека беше маж, кој се' уште ми е драг. А од друга страна постојано откривам нови страни кај неа, така можам да кажам дека таа ќе стане на некој начин моја посебна сестра. Тоа всушност не е никаков тест на издржливост.", вели сопругата Клаудија , а Доротеа (Андреас) се надоврзува:„Кога мојата сопруга праша: што е сега со нежноста? тука забележав дека жената нежноста ја доживува многу поинтезивно од мажот, бидејќи кожата е почувствителна. Пред тоа не можев ни да замислам, но откога земам хормони, забележувам дека тука нешто се менува."

Храброст и искреност

Многумина во црковната заедница сметаат дека е штета што овој свештеничка брачна двојка ги напушта. Бидејќи, тие се многу омилени во тоа место. Двајцата се' уште не знаат каде ќе живеат. Добија многу подароци за разделба и тагата е голема. Бидејќи во црквата сега недостига свештеник. Големо признание за храброст добија и од евангелистичкиот декан задолжен за оваа област.

„Судбоносен момент е кога еден свештеник во толку тешка животна ситуација има храброст да застане пред верниците и така отворено и искрено да зборува. И голема среќа е кога една црква има разбирање за својот свештеник, наместо да го осудува.", изјави Зигфрид Штелцнер од евангелистичкиот деканат Ландсхут. Прифаќање на оние „поинаквите", тоа и' е особено важно на Доротеа Цвелфер.