1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Протерани четворица руски дипломати од Канада

Четворица руски дипломати од амбасадата во Отава се протерани од Канада, поради сомненија за шпионажа, информираат руските и канадските медиуми. Властите во Отава не сакаат да коментираат, а руската амбасада негира.

default

Канадските и руски медиуми пишуваат за протерувањето на четворицата дипломати поради шпионажа

Според информациите во медиумите, протерани се воениот аташе Константин Колпаков, неговиот помошник Димитриј Федорчатенко и двајца од техничкиот персонал. Руската амбасада потврдила дека дипломатите ја напуштиле амбасадата, но не поради шпионажа, туку затоа што им истекол мандатот.

„Изненадени сме од извештаите на канадскиот печат за протерувањето на руските дипломати, бидејќи тие ја напуштија земјата во 2011-та по завршувањето на нивниот ангажман“, напиша руското на МНР на својот официјален Твитер блог.

Канадските власти не коментираат, бидејќи се работело за националната безбедност. Портпаролот на премиерот Стефан Харпер одби да коментира и за уапсениот офицер од морнарицата Џефри Пол Делајл под сомнение за давање доверливи информации. Властите не кажуваат за која земја тој шпиунирал.

Kanada Ausstieg aus Kyoto-Protokoll

Русија и Канада се борат за влијание во богатиот со минерали регион на Артикот

Канадските весни „Глоуб енд Мејл“ пишува дека дипломатите се отстранети од листата на признаени дипломатски претставници, додека „СиБиСи Њус“ информира дека некои од нив ја напуштиле земјата по минатонеделното апсење на канадскиот војник.

Конзервативната влада во Канада има слаби односи со официјална Москва, откако ја презеде власта во 2006-та година, жалејќи се за „зголемената агресивност на руските акции низ светот“ и за извидувачките летови кои се во близина на канадскиот воздушен простор. Двете земји се борат за влијание во богатиот со минерали регион на Артикот.

Автор: Александар Методијев /ројтерс/афп/макфакс

Редактор: Симе Недевски

Поврзана содржина