1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Простување од жртвите од несреќата во Швајцарија

Илјадници Белгијци на комеморација во Ломел се простија од загинатите во автобуската несреќа што се случи во Швајцарија. Во несреќата животот го загубија 22 деца и шестмина возрасни.

На денешната комеморација (21.03) во Ломел присуствуваше и кралот Алберт втори, во придружба на холандскиот принц Виљем Александер. Меѓу жртвите во несреќата има и шестмина Холанѓани. Меѓу присутните беше и белгискиот премиер Елио ди Рупо, како и неговиот холандски колега Марк Руте.

„Дали има нешто пострашно за родителите кои го загубиле она што го сакале најмногу?“, праша градоначалникот на Ломел Петер Ванвелтховен. Тој во име на семејствата им се заблагодари на лицата кои помагаа по несреќата во Швајцарија.

Belgien Trauerfeier in Lommel nach Busunglück

На комеморацијата дојдоа илјадници луѓе

Роднините на жртвите денеска пред петте илјади присутни на комеморацијата ги прочитаа последните вести од децата додека биле на скијање.

Несреќата се случи пред една недела, кога автобусот со децата кои се враќаа од скијање удри во ѕидовите од тунелот во кантонот Валис во Швајцарија. Истрагата за причините за несреќата трае. Во автобусот се наоѓаа ученици од две училишта. Комеморацијата за жртвите од училиштето од Хеверле ќе се одржи утре (22.03).