1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Простување од Едвард Кенеди

Починатиот американски сенатор Едвард Кенеди беше погребан со воени почести на националните гробишта во Арлингтон. Претходно во Бостон на комеморацијата последна почит на Кенеди му оддадоа преку 1500 почесни гости.

default

На приватната церемонија на гробиштата во близина на Вашингтон присуствуваа членовите на семејството и блиските пријатели. Претходно во Бостон на комеморацијата последна почит на Кенеди му оддадоа преку 1500 почесни гости.

Kennedy Begräbnis Arlington

Погребот на Кенеди во Арлингтон

Американскиот претседател Барак Обама во својот почесен говор го нарече Тед Кенеди „ душата на Демократската партија“ и „лавот во американскиот Сенат.

Obama bei Kennedy - Trauerfeier

Барак Обама

Обама уште истакна дека и покрај неговата тешка болест, сенаторот никогаш не ја загубил неговата смисла за хумор:

„Чичко Теди, или како што честопати го нарекуваа неговите внуки и внуци, Гран Фромаж или Големото сирење, Јас, како и многу други во градот каде што работеше повеќе од половина век, го познавав како колега, ментор и пред се’ како пријател“, истакна американскиот претседател.

Меѓу оние кои присуствуваа на комеморативната церемонија во Бостон беа и поранешните американски претседатели, Џорџ Буш помладиот, Бил Клинтон и Џими Картер.

СН/ЖА/дпа/ројтерс

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM