1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Простор за „сребрената економија“ за сениорите

Германското стопанство итно планира да се адаптира на барањата на потрошувачите постари од 50 години кои во иднина ќе го имаат решавачкиот збор при купувањето и користењето на услуги.

default

Телефоните со голем дисплеј се само еден од производите кои се интересни за постарите потрошувачи

Во 2035 година Германија ќе има најстаро население во светот. Повеќе од половината од граѓаните ќе бидат постари од 50, а една третина над 60 годишна возраст. Поради ова министерката за семејство Урсула вон дер Лаен аплеираше за поголема будност.

Секое второ патување за сениорите

Министерката побара од претпријатијата во иднина да се ангажираат во создавање производи кои ќе бидат интересни за постарите и кои ќе значат подобар квалитет на живот. Ваквите насоки ги налагаат индормациите од најновата студија за која Фон дер Лаен подвлече: „45 проценти од потрошувачите во Германија се токму 50 годишниците и постарите. Секое второ патување и секоја втора помада за лице ги купуваат луѓе постари од 50 години. Оваа бројка во иднина ќе се зголемува - вели министерката фон дер Лаен

Според Урсула фон дер Лаен во 2035 година групата постари од 50 години ќе учествува дури со 60 проценти во севкупниот конзум на Германија.

Нова генерација сениори

За разлика од порано кога постарите од 50 беа „отпишани” и се сметаа за неактивни на кои им треба само бастун денес е поинаку. „Генерацијата на сениорите денес е толку образована, здрава и орна за работа како никогаш порано. Таа има улога да стане своевиден мотор за стопанството.

„Не случајно поради ова, кажано со европскиот јазик, пазарот на сениорите се именува како сребрена економија. Индустријата и трговијата треба уште посилно да се ориентиреаат кон оваа генерација со идеи, производи, услуги - кажува министерката. Според неа, Германија треба да биде побрза и подобра од останатите земји и да не дозволи да и биде одземен идниот пазар.

Проект за прилагодување на стопанствотот на потребите на граѓаните

Поради тоа во Министерството стартуваше програмата “Стопанскиот фактор старост - добивка за претпријатијата”. Овој форум во кој ќе учествуваат претпријатијата, науката, претставниците на потрошувачите и различни старосни здруженија ќе треба да направат се идното производство и услиги да се адаптираат на генерацијата 50 плус.„За да се создаде оваа структура во наредните 2 години ќе бидат ставени на располагање 4 милиони евра“ - потенцира Фон дер Лаен.

Идејата е со различните иновации, нови производи и услуги да се подобри квалитетот на животот на сениорите со што автоматски ќе профитира и стопанството. Примери за ова има повеќе. 80 проценти од купувачите на скапи автомобили во Германија се токму постари лица, поради што во возилата последниве години се вградуваат најразлични иновации за поудобно и побезбедно возење. Или - куферите на тркалца кои првично беа наменети за старите, а денес се во масовна употреба.

Понатаму, телефоните со голем дисплеј кој и во иднина има се уште простор да се адаптира на старата генерација. „Сметам дека Германија не треба да си дозволи овој иден пазар за претпријатијата да им го отстапи на другите. Нашата земја е порано и посилно погодена од феноменот на стареењето на населението и тоа треба да го искористи, смета министерката за семејство Урсула фон дер Лаен.