1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Проститутки спонзорираат грчки фудбалски клуб

Во недостаток на пари, грчки аматерски клуб прифати спонзорство од јавни куќи. Играчите за победа можат да се надеваат и на „специјални“ премии.

default

Грчки аматерски фудбалски клуб поради драстично намалените дотации во фудбалот, морал да побара помош на невообичаено место - во јавни куќи.

Јанис Бациолас претседател на клубот Вукефалас во кој играчите разнесуваат пици, се студенти, келнери, објаснува дека „сите дигнале раце од аматерскиот фудбал“. Сега играчите на тој тим носат розеви дресови со натписи „Вила еротика“ и „Сулина куќа на историјата“, што се имиња на две јавни куќи кои станале нивни спонзори.

„Во почетокот не веруваа, но кога ги видоа дресовите им стана интересно, изјави Бациолас.

Сопственичката на „Сулина“, 67-годишната Сула Алевридоу платила повеќе од илјада евра за играчите да носат дресови со името на нејзината куќа. Тоа според неа е добро за реклама и се одлучила за тоа бидејќи сака фудбал. Нејзиниот бордел со 14 вработени работи подобро од другите кои се во криза.

„Ако не им помогнеме на нашите научници и спортисти каде ќе завршиме? Грција на луѓето им обезбедуваше образование, култура и добри спортисти. Подобро на нив да им помогнеме отколку да ги држиме парите во Швајцарија, вели Сула.

Признава дека била разочарана откако тимот загубил 1:0, иако на играчите им ветила „посебно време“ во нејзината куќа доколку победат.