1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Прославен 80-от роденден на Папа

Со голема миса на плоштадот на Свети Петар во Рим Ватикан го одбележа 80-тиот роденден на Папата Бенедикт 16-ти. На свеченоста, на која присуствуваа околу 60 илјади луѓе, учествуваа голем број кардинали и бискупи од целиот свет.

Германскиот канцелар Ангела Меркел, честитајќи му го роденденот, му оддаде признание на Папата за неговото дело. Претседателот на Бундестагот Норберт Ламерт рече дека Папата е “еден од малкуте неспорни авторитети на нашето време”.

Утре, кога фактички е роденденот, ќе биде пуштена во продажба книгата на Бенедикт 16-ти со наслов “Исус од Назарет”.