1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Прослава на 80-от роденден на Папа

На Плоштадот на Свети Петар во Рим во тек е голема миса во чест на 80-тиот роденден на Папата Бенедикт 16-ти. На свеченоста учествуваат голем број кардинали и бискупи од целиот свет. Утре, кога фактички е роденденот, ќе биде пуштена во продажба книгата на Папата со наслов “Исус од Назарет”. “Кога некој Папа пишува книга, а не само збирка од проповеди што ги одржал, и тоа уште на тема Исус од Назарет, тогаш тоа е само по себе голем настан", оцени претседавачот на бискупската конференција на Германија, кардиналот Карл Леман.