1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Прослава на 2 мај во Македонија

Додека работниците од повеќето земји во светот денеска се враќаат на работа, во Македонија се подготвува традиционалната второ -мајска скара.

Некои од работниците не сакаат ниту да чујат празникот на трудот, да се слави еден ден, а 2 мај да биде работен. Пикникот не го даваат за ништо.

„Тоа останало така од поранешна Југославија.“ „ Треба и повеќе треба да се слави, ако се работи како што се треба, треба и да се слави.“ „ Зошто да не, ако тоа е едно од стекнатите права, мислам дека со еден ден повеќе или помалку нема да се добие ништо, ниту во финансиите на работодавачот.“

Ретки се работниците кои ја прифаќаат инивцијативата на Стопанската комора на Македонија која предложи 1 мај како во повеќето европски земји да се слави само еден ден, а не два.

„Јас сега, размислувам дали треба да се слави. Ако работникот бара некои права, а го нема никаде, тогаш или нема работници. Зошто ни е први мај, втори мај, навистина нема потреба на ваков начин да се празнува.“

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески рече дека втори мај не треба да се празнува за да не се создава преголем вакум во работата на фирмите. Дел од експертите го подржаа ваквиот предлог. Обично први мај е по Велигден и тоа влијае врз работната дисциплина и кондиција. За едни пикникот за втори мај е рецидив од социјализмот што треба да се напушти, а за други дел од традицијата што не смее да се искорени. Бизнисмените велат декa и работните навики треба да ги уогласиме со Европа. Синдикалниот лидер Ванчо Муратовски не се согласува со тоа.

„Нека ги усогласат прво платите и економијата, а потоа можеме да преминеме на празниците. Недопустиво е да се бара уште едно губење на работничко, граѓанско право. Впрочем не гледам вистински аргументи за тоа да се изгуби вториот ден. Работодавачите немаат ионака голем успех во подигањето на економијата во Македонија. Тој еден ден нема ништо да ни помогне. Ако немаат идеи ова најмалку ќе им помогне. “

Најголемиот дел граѓани за втори мај организираат еднодневен пикник во природа или во излетничките места. „Дома,работно.“ „Тука остануваме“ „Во Катланово, ако биде убаво времето.“

Многумина се во Охрид и во останантите туристички центри во Македонија, а побогатите заминаа во странство. Во туристичките агенции објаснуваат кои се најбараните дестинации: „Париз, кој најубаво се доживува во пролет, за овие опразници. Втора дестинација интересна е Истанбул, на трето место Грција и Халкидики.“

„Охрид е веќе преополн, и ќе биде полн со граѓаните кои имаат викендици или станови. И во другите места како Дорјан, во Преспа можеби ќе има нешто, но помал број. Најмногу луѓе ќе има во местата во близина на градовите.“

Надлежните институции сеуште не расправале за иницијативата на Стопанската комора да се укине празнувањето на втори мај. Можно е тоа да се случи од идната година иако и сега Македонија во споредба со другите европски земји има најмалку неработни денови за државните и верските празници.