1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Прослава на германско-полско-чешката тримеѓа

По повод одбележувањето на проширувањето на Европската унија, премиерите на Германија, Полска и Чешка се сретнаа на тримеѓата во Цитау

Песаж во Чешка

Песаж во Чешка

Притоа присуствуваа на симболичнотопробивање на трасата на една улица што преминува преку границите.

Проширувањето на Унијата и тоа го направи можно: изградба на пат преку полската територија што ќе ги поврзе автопатите во Германија и Чешка. Недостигаат само неколку километри. Сега тргна напред. Обврската си ја презедоа Герхард Шредер, Лешек Милер и Владимир Шпидла. Тројцата премиери денеска учествуваа заедно во симболичното пробивање на трасата. Потоа заедно минаа преку провизорниот мост поставен преку Ниса во градот на тримеѓата Цитау и заедно со евро-комесарот задолжен за проширувањето Гинтер Ферхојген раширија едно европско знаме. На луѓето од тримеѓата тиа, меѓу нив и канцеларот, им ветија економски импулси за повеќе од 20 насто невработени во овој регион:

“Јас зборував за симболите и многу јасно сакам да кажам дека ова е едно парче од заедничка Европа. Преку вакви проекти земјите од Европа потесно ќе соработуваат што ќе им користи на сите“.

Полскиот премиер Лешек Милер својот кус говор го започна со неколку зборови на германски и подвлече колку долго неговите сограѓани го чекаа овој историски ден:

“Добар ден пријатели. Ова е исполнување на еден голем сон на многу генерации Полјаци“.

Чешкиот премиер Владимир Шпидла потсети на долгогодишните преговори за членство кои беа многу тврди. Перспективите што се отвораат меѓутоа, се поголеми отколку чисто материјалните добра:

“Верувам дека токму ова е важно: волјата и страста што се наоѓаат зад ова поврзување, зад овој пат. Зашто без таа страст патот би бил само тони материјал, но инаку безвредни“.

На крајот од церемонијата во Цитау Шпидла, Милер и Шредер заеднички заминаа за Даблин на заедничката прослава на проширувањето на новата проширена Европа на 25 држави.