1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Прослава на Божик

Православните христијани денеска го слават Божик. Ширум Македонија имаше литургии, а централната свеченост се одржа во Соборниот храм во Скопје.

default

Православните христијани го прославуваат Христовото раѓање

Архиепископот охридски и македонски, Г.Г. Стефан во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ богослужеше златоустова литургија на која порача: „Бог стана човек за да ја видиме боголикоста во нас и преку Него самиот да разбереме што сме ние луѓето. Богочовекот Христос ни ја откри сета тајна и за Себе и сета тајна за човечкиот род. Меѓутоа, Рождеството Христово не е нешто што некогаш било, туку е настан што е постојано присутен во животот на секој христијанин и во животот на Светата црква“.

Архиепископот Г.Г. Стефан уште еднаш упати благодарност до државните институции за воведувањето на веронауката како предмет во образовниот процес, посочувајќи дека тоа треба да овозможи духовна надоградба и да ги поучи младите во духот на православието, во духот на заемна почит и разбирање.

На свечената литургија во Соборниот храм присуствуваше и претседателот на државата Бранко Црвенковски, претседателот на Собранието Трајко Велјановски, вицепремиерот Ивица Боцевски и други министри во владата.

Повеќе детали за нивните честитки и пораки од аудиоприлогот на Горан Петрески.