1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Прослава на Бадник

Христијанските верници во Македонија го слават Бадник. Синоќа гореа коледарските огнови со што почна прославата на големиот празник Божик.

default

Соборниот храм во Скопје

Традицијата на коледарските огнови во Македонија продолжува. И покрај екстремно ниските температури, зимската идила, мразулците и дрвјата прекриени со снег ги измамија скопјани да излезат од домовите. Тие синоќа масовно се собраа околу коледарските огнови.

Кулминацијата на прославата на Бадник е денешното (6.1.2009) предавање на кумството пред Соборниот храм во Скопје. Здравицата за овој чин, на којшто со години наназад се собираат илјадници граѓани, ќе ја каже писателот Венко Андоновски.

Традицијата вели дека во стари времиња коледарските огнови гореле цела ноќ. Со жарот од него, изутрината домаќинките ги потпалувале домашните огништа. Потоа замесувале благи колачиња и со нив ги пречекувале коледарите.

Бадник е време кога семејството се собира на посна вечера. Според традицијата, домашните треба да изнесат од се’ по нешто на трпезата, за годината да биде бериќетна.