1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Прослава во Камбоџа заврши со трагедија

Стотици луѓе ги загубија животите во главниот град на Камбоџа, Пном Пен, а над 300 се повредени по масовната паника која се случи за време на одбележувањето на крајот на дождовната сезона.

default

Стампедото однесе стотици млади животи во Пном Пен

Повеќе од 330 луѓе ги загубија животите во хаосот и масовната паника која се случи за време на финалето на тридневниот фестивал на водата, со кој во Камбоџа се одбележува крајот на сезоната на дождови. Премиерот на Камбоџа Хун Сен изјави дека станува збор за „најголемата трагедија во последните децении, од падот на режимот на Црвените кмери“.

Стампедото почнало откако неколку лица доживеале струен удар чекајќи во ред на мал мост кој ги поврзува Пном Пен со Дијамантскиот остров, мало островче на кое се одржувал завршниот концерт. Најмногу жртви починале како последица од задушување и од повреди здобиени откако масата минала преку нив, а некои од преживеаните изјавиле дека тие бие заглавени во толпата на живите и мртвите со часови. Голем дел се удавиле во реката откако скокнале од мостот што ги спојува островчето и копното. „Не можам да поверувам дека има толку жртви. Сакав лично да се уверам во состојбата затоа што мои роднини беа тука, но се‘ уште не знам дали се живи или мртви“, вели еден Камбоџанец.

Потрага по најблиските

Во најголем дел, жртвите се млади луѓе, а нивните родители беа повикани на местото на несреќата за да ги идентификуваат нивните тела. „За време на режимот на Пол Пот го убија целото мое семејство. Останав сама со мојот син, но сега и тој е мртов“, изјави Сон Мун, мајка на еден од настраданите.

Massenpanik Hunderte Tote in Kambodscha

Роднините беа повикани да ги идентификуваат телата на жртвите

Болниците во Пном Пен се преполни со повредени, кои ни самите не знаат како ја преживеале катастрофата. „Бев заглавен во турканицата долго време, останав без воздух и потоа ја загубив свеста“, вели еден 22-годишен преживеан.

Камбоџанскиот премиер им изрази сочувство на семејствата на загинатите и вети дека ќе формира комисија, која ќе ги истражи трагичните настани.

Над два милиони луѓе пристигнале во Пном Пен за тридневните празнувања на фестивалот на водата, чија главна манифестација е традиционалната трка со бротчиња по течението на реката Тонле Сап.

Автор: БГ/ард/ројтерс

Редактор: Александра Трајковска