1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Прославата на шампионската титула на ПСЖ се претвори во хаос

Изгорени автомобили, искршени автобуски постојки и излози, превртени безбедносни препреки, 30 повредени и 21 уапсен е билансот од прославата на шампионската титула на Пари Сен Жермен на плоштадот „Трокадеро“ во Париз

Прославата на третата шампионска титула траеше десетина минути, што им дозволи на играчите на ПСЖ само да се качат на трибината и да се фотографираат, пред да го напуштат плоштадот со клупскиот автобус. На местото на прославата се најдоа меѓу 10 и 15 илјади навивачи, но набрзина триесетина од нив се искачија на скелињата околу сцената со платно на кое пишуваше „Слобода за ултрашите“, навивачка група на ПСЖ, која е забранета да се појавува на стадионите во Франција, но не и на улиците. Набрзина и просторот резервиран за навивачите беше зафатен од толпата навивачи.

Околу 19 часот и 30 минути навивачите, најверојатно од трибината Отој, започнаа да фрлаат запалени факели врз стјуардите на ПСЖ, кои ја обезбедуваа прославата. И додека најголемиот дел од насобраните навивачи мирно се разотиде, разочарани од текот на настаните, околу 400 до 500 ултра навивачи се судрија со силите на редот пред трибината, додека една друга група од 100 до 200 лица го блокира сообраќајот на „Елисејските полиња“. Силите на редот се пресметуваа со групите навивачи се‘ до доцните ноќни часови, употребувајќи солзавец наспроти фрлените предмети од навивачите.

1:0-Sieg in Lyon PSG ist französischer Meister

Не можеа да и‘ се израдуваат на титулата: Дејвид Бекам и Златан Ибрахимовиќ

Инцидентите на „Трокадеро“ и „Елисејските полиња“ набрзина добија и политички карактер, кога опозицијата побара од министерот за внатрешни работи да поднесе оставка, поради неподготвеноста на силите на редот за да го спречат или се справат со насилството во Париз.

Министерот за внатрешни работи најави дека полицијата започнала со истрага за да се откријат одговорните, додека за денес предвидената прослава пред општината во Париз е откажана.