1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Прославата на Видовден мина без инциденти

*

Неколку илјади луѓе денеска на Газиместан на Косово го одбележаа српскиот празник Видовден и 618 годишнината од косовската битка. Собирот се одвиваше под засилени мерки за безбедност од страна на силите на КФОР , како и меѓународната и косовската полиција, поради стравувања од можни инциденти. На одбележувањето на Видовден на газиместан кое мина мирно , покрај претставници на голем број српски организации присуствуваа и министрите во српската Влада за Косово и Метохија и за вера , Слободан Самарџиќ и Радомир Наумов.