1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Пропаст на либанската економија

Човечките трагедии во војната во Либан се немерливи. Но, и стопанството на оваа земја за години нанапред претрпе ужасни разорувања. Експертите проценуваат дека штетите достигаат околу 10 милијарди долари. Најмногу притоа, настрада инфраструктурата: разурнати се 145 мостови, оштетени 630 километри патишта, пистите на меѓународниот аеродром во Бејрут, како и главните пристаништа во земјата. Практично, стопанс

Воздушните напади ја уништија инфраструктурата во Либан

Воздушните напади ја уништија инфраструктурата во Либан

�вото во Либан е на колена:

„Нема работа, нема луѓе. Јас сум заботехничар и во моментов е ужасно лошо. Порано имав добра работа, сега немам никаква„.

На сета човечка мака од војната, сега и загриженост за економската егзистенција. Стотици илјади родители си го поставуваат прашањето: со што да ги хранам моите деца?

Пред само пет недели во главниот град Бејрут уште беше супер. Монденскиот кварт Даунтаун, срцето на градот, очекуваше туристи од целиот свет. Денес Даунтаун е место на духови. Во целата земја запре бизнисот. Во барот на традиционално посетениот хотел „Бристол„ само чивт гости, повеќето од нив со камери, фотоапарати или лап-топови. Шантал Самер, менаџерка на хотелот овие гости ги посматра за мешавина од интерес и благодарност. Таа не мораше да го затвори својот хотел како повеќето други:

„Имавме среќа што имаме новинари во хотелот кои известуваат за ситуацијата, но цените моравме да ги намалиме. Инаку, ќе беше одлична сезона со поголем промет за 100 проценти. Сега...„.

Војната ги зафати сите бранши: и големите и малите. Сите знаат дека уште долго нема да биде како што беше. Штотуку берзата во Бејрут беше во погон, се влеваа инвестиции од милијарди, пред се од богатите држави, сега доаѓа само хуманитарна помош од Саудиска Арабија или Кувајт. Многумина богати ја напуштија земјата и заминаа во САД или Европа. И сопственикот на еден авто-салон замина за Лондон. Никогаш веќе нема да се врати, вели неговиот службеник Мохамед Ајтани. И не е чудно во ваква ситуација:

„Нема ниту еден автомобил по улиците, сите наши се во гаражите, сосема нови „Ренџ ровери„, „Мерцедеси„ или „Поршеа„. Шефот на фирмата ги купи пред само еден месец за милион ипол долари„.

Либан со војната се претвори со социјален случај. Инфраструктурата, патиштата, мостовите или рафинериите главно се разурнати. Ќе трае со години додека се биде одново изградено. Уште пред војната, земјата ја притискаше долг од 40 милијади долари. Ако некој може да биде повеќе од банкрот, тогаш тоа сега се однесува на оваа земја - Швајцарија на Блискиот исток. Хотелиерот Ниса Алуф всушност е оптимист кој со елан ги издржа сите кризи од минатите децении. Ако тој се предава, тогаш и Либан се предал. Алуф е непосредно пред „фрлање на пешкирот„:

„Нема бизнис, тотална катастрофа, загубивме фантастична сезона. Оваа требаше да биде најдобрата од 1992. Овојпат вистина лошо не погоди и немам поим кога повторно ќе застанеме на нозе. Сега зборуваме само за голо преживување„.