1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Пропадна референдумот за нова атомска централа во Бугарија

Поради мал одзив на гласачите во Бугарија пропадна референдумот околу изградбата на нова атомска централа во земјата.

Според неофицијалните податоци на вчерашниот (27.01) референдум во Бугарија излегле само околу 20 проценти од 6,9 милиони граѓани на Бугарија со право на глас.

Тоа значи дека резултатот од референдумот нема да биде обврзувачки. За да беше важечки требаа да учествуваат најмалку 60 проценти од гласачите.

Референдумот беше распишан на иницијатива на опозициската Социјалистичка партија во обид да се принуди Владата да ја промени одлуката за откажување од договорот со Русија за изградба на втора нуклеарна електрана во државата.

Референдумот се однесуваше за заживување на проектот за нуклеарната централа

Белене, на север во државата. Изградбата на Белене е во застој поради несогласување меѓу Бугарија и Русија во врска со конечната цена која ќе биде меѓу шест и 11 милијарди евра. За да пронајде нов инвеститор, премиерот Бојко Борисов раскина договор со руска фирма која бара надомест од 1,3 милијарди долари и се обрати до Меѓународниот суд за арбитража во Париз.