Пропадна посредувачкиот обид на Франција во Либан | Вести | DW | 23.11.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Пропадна посредувачкиот обид на Франција во Либан

Франција не успеа во најновиот посредувачки обид меѓу прозападните и просириските сили во Либан.Ден пред истекот на мандатот на просирискиот претседател Емил Лахуд двете страни не можеа да се согласат околу заеднички кандидат за наследник на функцијата.Просириските политичари околу радикално муслиманските милиции на Хезболах имаат намера да го бојкотираат денешното гласање,тврдат од опозицијата.Со тоа нема да биде можно двотретинско присуство на пратениците.Полицијата во Бејрут денеска го зајакна присуството.