1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Пропагандна војна во Украина

Противниците и приврзаниците на украинската влада се судираат не само на плоштадот Мајдан во Киев, туку нивната борба се пренесува и во медиумите. Пропагандната машинерија работи со полна пареа.

Снегот во „тампон зoната“ меѓу демонстрантите и стотиците полицајци на улицата „Хрушевски“ во владиниот каврт во Киев е поцрнет. Зад изгорените полициски автобуси стојат припадници на специјалните сили со тешко вооружување. Од нивното озвучување ечи патриотска музика од советско време.

„Оваа музика припадниците на безбедносните сили ја слушаат нон-стоп“, раскажува новинарката Лесја Ганша. „Нивните команданти ја вклучија кога ние инсталиравме прожектор за полицајците да можат да гледаат вести на независните телевизиски станици. Мора да дознаат колку бесрамно се обогатија корумпираните властодршци.“ Лесја Ганша е убедена дека безбедносните сили не разбираат што навистина сакаат демонстрантите. Тие се информирани еднострано и немаат пристап до објективни вести.

Еднострано известување на големите ТВ-станици

Исто како полицајците и голем број други луѓе не се доволно информирани за настаните во Украина, вели новинарката. Тоа се должи пред се‘ на медиуми како државниот „Прв канал“ или телевизијата „Интер“, која му припаѓа на олигарх близок до претседателот. Најголемиот дел од големите медиуми во Украина ги шират само ставовите на владата. Тие не информираат за ставовите на демонстрантите. Ганша вели дека демонстрантите најчесто се жигосуваат единствено како „поттикнувачи на немири“.

Proteste in Kiew, Ukraine Aktivistin Lesja Hanscha

Лесја Ханша

Приврзаниците на претседателот исто така протестираат во владиниот кварт. Тие тврдат дека демонстрантите на другата страна се „националисти и фашисти“. „Тие не сакаат стабилност“, нагласува една жена, која смета дека Јанукович конечно треба да вовоеде повторно ред и мир. Тоа се изјави какви што се слушаат секој ден на медиумите блиски до власта.

Медиумите како „Прв канал“ или „Интер“ не информираат за тоа дека противниците на власта постојано се тепани од непознати лица или тоа дека полицијата самоволно апси активисти. Кај нив вестите во најголем дел се состојат од извештаи за соопштенија на министерството за внатрешни работи кое за насилството ги обвинува противниците на владата.

Пропагандата покажува ефект

Тоа е „симптоматично“, оценува во разговор за Дојче веле експертот за медиуми Дијана Дуцик. Таа се сеќава на почетокот на бранот протести пред два месеца. Кога специјалната полициска еднициа „Беркут“ на крајот на ноември сакала со брутално насилство да го расчисти плоштадот на независноста од поревропските демонстранти, државната телевизија известувала само за „голем број повредени полицајци“. Тие наводно биле нападнати од демонстранти. За насилството на полицијата и тешко повредените демонстранти не се известувало.

„Пропагандата во провладините централни и регионални медиуми доведе до тоа судирите во Украина да станат поемоционални и дури и поагресивни“, нагласува Дуцик, додавајќи дека независни медиуми на истокот и југот на земјата речиси и нема.

Паушалното клеветење на противниците на власта, кои се нарекуваат „ултранационалисти подготвени на наислство“, покажува ефекти во медиумите блиски на владата. Приврзаниците на претседателот примената на сила од страна на безбедносните сили во меѓувреме ја сметаат за легитимно средство за „повторно воспоставување ред“, вели Дуцик. Таа е убедена дека во земјата се неопходни поголем број независни медиуми, меѓу кои и јавен радиодифузен сервис, каде збор ќе имаат сите општествени сили.

Храбрите новинари потегнуваат иницијатива

Затоа, дел од новинарите во Украина, како Дмитро Хнап, потегнаа иницијатива. Тој и 30 други новинари пред неколку месеци ја основаа онлајн-телевизијата „Хромадске ТВ“, или во превод „јавна телевизија“, без во позадина да стојат вообичаените олигарси и политичари и без државно финансирање.

Ukraine Journalist Dmytro Hnap Hromadske-TV

Дмитро Хнап

„Само така можам да се занимавам со истражувачко новинарство и да известувам за корумпирани политичари. И така не морам да внимавам на интересите на претприајтието кое има испреплетени интереси со политиката“, вели Хнап.

Парите за телевизијата доаѓаат пред се‘ од донации на гледачите. Заедно со пари од странски фондации во послендите месеци се собрале повеќе од 300.000 евра. Од почетокот на проевропските демонстрации се‘ повеќе новинари и‘ се приклучуваат на „Хромадске ТВ“, за таму да информираат за политичката и економската криза во земјата.