1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пропаганден потег на Северна Кореја?

Советот за безбедност на ОН ја одложи без решение итно свиканата седница посветена на ракетниот тест на Северна Кореја. Кина и Русија не го поддржаа барањето на Јапонија за осуда.

default

Граѓаните во регионот се загрижени: Јужнокореец чита весник за ракетниот тест

Јапонските весници се преплавени со фотографии и извештаи за тестирањето нова ракета на севернокорејскиот режим. Граѓаните реагираат вознемирено:

„Тоа е застрашувачки!“

„Не видов ништо дека прелета преку нас, а ништо ни не падна на наша територија.“

Радарите и сателитите забележаа дека ракетата со долг дострел од Северна Кореја полетала во 11 часот и 30 минути по локално време и го надлетала северниот дел на главниот јапонски остров - како што беше и најавено. Еден дел од ракетата паднал во Јапонското море, а остатокот завршил некаде во Тихиот океан околу 2.100 км подалеку на исток. Јапонската армија не мораше да ги употреби ракетите од тип „Патриот“ за против-воздушна одбрана, што беа подготвени за случај севернокорејскиот проектил да излезе од контрола.

Der Japanische Ministerpräsident Taro Aso

Јапонскиот премиер Таро Асо

Јапонскиот премиер Таро Асо порача: „Лансирањето на ракетата беше јасна провокација, што нема да ја толерираме. Тоа претставува кршење на резолуцијата на ОН и затоа ќе реагираме соодветно, заедно со другите држави.“

Остра осуда

Активирањето на ракетата наиде на остра критика од американскиот претседател Барак Обама, кој беше во посета на Чешка, како и од јужнокорејскиот министер за надворешни работи Ју Мјунг Хван. НР Кина, пак, ги повика на разум сите земји од регионот и со тоа и’ даде индиректна поддршка на владата на Северна Кореја. Официјален Пјонг Јанг се огласи со официјално соопштение: „Нашата земја испрати сателит во вселената, кој има апарати што емитуваат пофални песни за генералот Ким Ил Сунг и неговиот син генерал Ким Јонг Ил.“

Под сличен изговор беше лансирана и претходната ракета во 1998 година, но ни тогаш, како ни сега, не е регистриран никаков сателит. Набљудувачите сметаат дека станува збор за манифестација на сила во однос на САД, како и пропаганда за воената моќ на Северна Кореја во очите на земјите потенцијални нарачатели на вакви ракети со долг дострел како Сирија, Либија и Иран.

Автор:Петер Кујат/Горан Чутановски

Редактор: Жана Ацеска