1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Пронајден нов бункер со оружје кај Блаце

Оружјето пронајдено кај македонско-косовската граница и` припаѓало на екстремистичка група, но не постои опасност по безбедноста на граѓаните, оцени македонската министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

default

Оружјето пронајдено кај Блаце

Македонската полиција денеска пронајде уште еден бункер со оружје и муниција во близина на Блаце. Од македонското министерство за внатрешни работи нагласуваат дека полицијата продолжува со „чешлање“ на теренот. Според министерката за внатрешни работи

Innenministerin Jankulovska - beschlagnahmte Waffen

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска

Гордана Јанкуловска, запленетото оружје и‘ припаѓало на екстремистичка група која планирала операции не само во Македонија, туку и пошироко во регионот. Јанкуловска, сепак, оцени дека нема потреба од загриженост на граѓаните за нивната безбедност.

Големо количество оружје, меѓу кое и тешки митралези, рачни фрлачи на гранати, противтенковски мини, експлозиви и детонатори, беа откриени и запленети и во акцијата што полицијата вчера ја спроведе во близина на Блаце. Во меѓувреме, косовските медиуми објавија дека полицијата во Косово веќе уапсила тројца луѓе за кои постои сомневање дека се вмешани во вчерашната престрелка со полицијата кај граничниот премин Блаце. Косовската полиција денеска соопшти дека уапсила седум лица во околината на Качаник, под сомнение дека шверцувале оружје.

Автор: ЕМФ/ АЧ/ АТ/ миа/ макфакс

Редактор: Александра Трајковска