1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пронајдени остатоците од исчезнатиот руски авион

Рускиот патнички авин, што исчезна над Индонезија, се урнал. Спасувачките екипи го лоцираа трупот на авионот во близина на Богор, кај Џакарта.

Авионот од типот „Сухој Суперџет-100“, при промотивниот лет за потенцијални купувачи, исчезна од радарите. Последната порака од авионот била барање за оодбрување од страна на контролата на летот за спуштање на авионот од 10.000 на 6.000 стапки, односно од 3.000 на околу 1.800 метри, што е пониско од планината кон којашто се приближувал авионот.

Авионот, во кој имало 48 луѓе, имено, во времето на исчезнување се наоѓал во близина на планината Салак, висока 2.200 метри, која често е обвиткана со магла. Потрагата на земја е отежната во таа планинска област прекриена со џунгла.

Националната агенција за потрага наведе дека во авионот имало и неколкумина дипломати од Русија. Индонезискиот претседател Сусило Моамбанг Јудхојоно повика на спроведување „детална истрага“ за несреќата. Авионот бил во рекламна турнеја по шест земји. Претходно бил прикажан во Мјанмар, Пакистан и Казахстан, а од Индонезија требало да продолжи за Лаос и Виетнам.