1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пронајдени нови пет жртви од Коста Конкордија

Нуркачите пронајдоа пет нови жртви од бродот Коста Конкордија. Со тоа бројот на загинати се искачи на единаесет. 114 500 тони тешкиот брод се преврте вечерта на петок 13-ти удирајќи во карпа.

Спасувачките екипи предводени од нуркачите на италијанската Крајбрежна служба пронашле уште пет тела на загинати во превртениот брод за туристички крстосувања „Коста Конкордија“. Според наводи на спасувачките екипи телата биле пронајдени во поплавените делови на насуканиот брод. Досега е потврдена смртта на 11 лица во големата бродска несреќа а уште 24 се водат како исчезнати , меѓу нив и повеќемина германци. Нуркачите на италијанската воена морнарица со експлозив пробија неколку дупки на надворешната страна од трупот на бродот за да си обезбедат подобар пристап до деловите од бродот во кои се претпоставува дека се наоѓаат уште жртви.

Еколошка катастрофа?

Министерот за животна средина на Италија Корадо Клини најави дека ќе прогласи вонредба состојба поради катастрофата со патничкиот брод „Коста Конкордија“. Со прогласувањето на вонредна состојба италијанската Влада ќе може да оддели државни средства за спречување на евентуалната еколошка катастрофа.

Седумдесет од преживеаните патници денеска поднесоа групна тужба против компанијата во чие сопствеништво е бродот што се преврте на италијанскиот брег, информираше здружението за заштита на правата на потрошувачите „Кодаконс“.

Капетанот на бродот Франческо Скетино денеска беше сослушан и негира дека е виновен тврдејќи дека работел се по прописи. Доколку се докаже дека е виновен, може да добие затворска казна од 15 години.

Автор:АМ/СН/афп/ртр/миа

Редактор: Симе Недевски