1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Пронајдена вода на Меркур

НАСА во четвртокот соопшти дека леталото „Месинџер“ пронашло нов доказ за вода на планетата Меркур.

default

Во соопштението, шефот на програмата за истражување на Меркур, Шон Соломон, изјави дека „Месинџер“ открил нов доказ – замрзната вода, која се наоѓала во подрачјата на Меркур што се постојано во сенка. Мразот во поголем дел е пронајден во кратерите, а оваа планета толку бавно ротира така што на неа постојат места што никогаш не се изложени на Сонцето и таму температурата паѓа и до -220 Целзиусови степени.

Научниците пред неколку децении претпоставија дека на Меркур може да има вода, но новите откритија тоа и го потврдија: на Меркур не само што има мраз, туку има доволно мраз со него да се покрие целиот град Вашингтон и тоа со блок длабок четири километри, пренесува „Њујорк Тајмс“.

Утврдена е сличност меѓу начините на кои водата стигнала на Меркур и како пред милијарди години стигнала на Земјата, па ова откритие може да биде многу важно и за луѓето: меѓу топлиот екватор и замрзнатите полови температурите на Меркур би можеле да бидат умерени, посебно неколку метри под површината.

„Месинџер“ од полетувањето во 2004 година во добар дел го промени мислењето на научниците за планетата што се наоѓа најблиску до Сонцето. Во 2011 година со помош на леталото се собрани податоци за вулканската активност на површината на Меркур, а меѓу другото проучувани се и магнетните полиња, структурата на јадрото, геолошката историја и составот на егзосферата на оваа планета, пренесува Хафингтон Пост.