1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Промоција на партиските програми во очи изборите

Преродба во сто чекори нуди ВМРО ДПМНЕ. 50 остварени и 50 нови идеи до сто проценти реализирана програма, промовира СДСМ. Двете водечки партии на власта и опозицијата во Македонија, во изминативе 24 часа ги ставија на јавен увид своите изборни приоритети.

Од изборите во Македонија во 2004 година

Од изборите во Македонија во 2004 година

Политичките партии почнаа со промоцииите на своите програми, со избор и на нови бои, слогани, стил на однесување, европски маркетинг.

На видео бим со компјутерска анимација партијата ВМРО ДПМНЕ ја презентираше преродбата во сто чекори. Салата беше исполнета, а портокаловата боја во неа беше доминантна, по примерот на украинската мирна револуција. Ни треба нова сила да не изведе од досегашната лоша транзиција: „За разлика од празните ветувања и неодредените демагошки фрази од типот, кај и да е ќе биде или сега ќе ве однесеме во Европа, со кои власта на СДСМ ја прикрива својата неспособност, програмата на ВМРО ДПМНЕ содржи конкретни проекти, конкрертни бројки и рокови.“ рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.

Во изработката на партиската изборна платформа учествувале и експерти од германската фондација Конрад Аденауер, блиска на влаедачките Демо - христијани во Берлин.

И Социјалдемократите со изменет имиџ. Лидерот Владо Бучковски седнат меѓу петте водечки партиски личности, како носители на изборните листи. Премиерот е задоволен, во изминатиот период реализирани се педесет цели. Рамковниот договор, децентрализација, судските реформи. На меѓународен план меѓу успесите ги вбројуваат признавањето на уставното име од страна на САД и добивањето на кандидатски статус во ЕУ, работи кои имаат централно место на сино дизајнираната програма со нови педсет приоритети. „Јас затоа реков дека во овој момент помагам најмногу во 4 изборна единица каде според нашите првични испитувања граѓаните се збунети од лесно дадените ветувања и веруваат дека преку ноќ може да потече мед и млеко. Јас во своите настапи нема да бегам од популизмот како начин на кој ќе ја прифатам фрлената ракавица со оние кои сакаат само со гол популизам да ја обезвреднат работата на досегашната владеачка колалиција.“ кажа Владо Бучковски.

Неговите Социјалдемократи промоцијата на трите Е, економија, едукација, европеизација ќе ја направат на крајот на мај.

Изборната кампања во Македонија официјално почнува на 15 јуни и ќе трае 20 денови до 5 јули кога ќе се оддржат и парламентарните избори.