1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Промоцијата на Роналдо - вистински спектакл

Фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо беше претставен пред навивачите на неговиот нов клуб Реал Мадрид со големо шоу на стадионот Сантијаго Бернабе. Португалецот порача дека се исполнил неговиот сон од детството.

default

Роналдо на стадионот Сантјаго Бернабе

Околу 80 илјади навивачи на Реал Мадрид се собираа пред стадионот Сантијаго Бернабе во текот на целиот ден за да го видат Кристијано Роналдо.

Промоцијата на португалскиот репрезентативец во дресот на клобот од Мадрид беше вистински спектакл, кој го надмина оној направен на истиот стадион за другото големо засилување за Реал сезонава, Бразилецот Кака. Кристијано Роналдо пред навивачите се појави со дресот со број 9, со кој во иднина ќе настапува за Реал. Станува збор за бројот кој го носеше легендата на клубот Алфредо ди Стефано.

Португалецот им се заблагодари на навивачите на стадионот велејќи дека не очекувал полн стадион. Тој истакна дека е многу среќен што е во Мадрид, но му се заблагодари и на својот доскорешен клуб Манчестер Јунајтед: „Им се заблагодарувам на сите навивачи, на мојот шеф, моите пријатели и моите соиграчи зашто шест години играв во Манчестер и таму имав пријатели и добри односи со сите луѓе таму. Но луѓето ја разбираат мојата одлука и го ценат тоа. Се разбира ова е вистински предизвик и сите знаат дека мој сон е да играм во Мадрид. Ќе ми недостсуваат многу работи во Манчестер. Но, тоа е животот, ова е мојот нов дом, мојот нов клуб и јас стопроцентно ќе се ангажирам во клубот.“

Автор: СН/АТ/ројтерс/дв

Редактор: Александра Трајковска