1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Промени во составот на македонската влада

Министерот за образование и наука Панче Кралев поднесол оставка на функцијата, по што премиерот Никола Груевски за нов прв човек во ресорот го предложи Спиро Ристовски, досегашен министер за труд и социјална политика.

Предлогот на македонскиот премиер Никола Груевски за избор на нови министри во владата ќе биде ставен на утрешната (29.05) седница на Собранието, како дополнување на дневниот ред.

Покрај промената на челната функција во Министерството за образование и наука , која наместо Панче Кралев треба да ја заземе Спиро Ристовски, нужно следува промена и во досегашниот ресор на Ристовски. Диме Спасов е предложен за нов министер за труд и социјална политика, кој во моментот е директор на скопскиот Катастар, а претходно беше државен секретар во Министерството за правда и директор на Агенцијата за млади и спорт.

За нов министер без ресор е предложен Џери Наумов, кој ќе биде задолжен за привлекување странски инвестиции. На испразнетото заменичко-министерско место во локална самоуправа доаѓа Ѓорѓија Сајкоски, професор по историја и поранешен претседател на Советот на Кичево.

Pance Kralev

Панче Кралев во иднина ќе биде советник за образование во кабинетот на премиерот на РМ

Заменик- министерот за локална самоуправа Сашо Лазаровски
неодамна беше избран за советник во Општина Карпош, а потоа и за
претседател на Советот на Општината.

Министерот за образование и наука Панче Кралев оди на нова позиција - советник за образование во кабинетот на премиерот на РМ. Тој го менува своето досегашно работно место, откако формално поднесол оставка на позицијата министер уште на 19 април 2013.

Во оставката до премиерот Никола Груевски, Кралев навел дека од лични и семејни причини не е во можност целосно посветено да ги реализира проектите кои се планирани за следниот период.