1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Промена на кормилото кај германските Пирати

Паријата на пиратите избра нов претседатрел. Бернд Шлемер е познавач на политичките активности во Берлин. Освен ова партијата јасно се позиционираше против десноекстремистичките тенденции во сопствентие редови.

Партијата на пиратите денеска во Нојминстер го продолжи партискиот конгрес. Досегашниот генерален секретар Вилм Шумахер апелираше до членовите на неговата партија, по последните изборни успеси, да се докажат „при парламентарната работа“. „Сега мора да покренуваме теми на дневен ред“, изјави Шумахер.

Вчера партијата го избра Бернд Шлемер за нов претседател на Партијата на пиратите. По изборот Шлемер не ја исклучи можноста за учество во владина коалиција во 2013 година.

„Доколку во 2013 година успееме да влеземе во Бундестагот, сериозно ќе се зафатиме со темата за способноста за учество во коалиција“, изјави Шлемер за „Билд ам Зонтаг“. Во моментов, според неговите зборови, за тоа е прерано. „Дотогаш мора да минеме преку повеќе покраински избори, да лепиме илјадници плакати и да бидеме присутни на инфо-штандовите“.

Шлемер јасно се дистанцираше од десноекстремистичките тенденции во партијата. „Пиратите јасно се искажаа и со големо мнозинство усвоивме поднесок против негаторите на Холокаустот. Кај нас нема место за кафеното непријателство кон луѓето (со тоа се идентифицираат неонацистите во Германија, н.з.)“.

Во меѓувреме Сојузот на германската индустрија за првпат покажа подготвеност за разговори со Партијата на пиратите. Претседателот на оваа организација Ханс Петер Кајтел за радиото Дојчландфунк изјави дека германското стопанство не сака да ги преценува Пиратите, но сериозно го следи развојот на партијата.

Програмата на Пиратите не му е целосно разјаснета, меѓутоа „доколку постојат сериозни прашања, кои оваа партија сака да ги дискутира со претставниците на стопанството, сојузот стои на располагање“, појасни Кајтел.