1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Промена на командата на Косово

Новоизбраниот командант на КФОР Фолкер Халбауер денеска (07.09) во Приштина ја презема должноста од досегашниот комaндант Ерхард Древс.

Германскиот генералмајор Ерхард Древс по една година мината на чело на КФОР, извлекува позитивен биланс, или барем таков впечаток остави на последната прес-конференција во Приштина. Сите гранични премини се проодни. Останати се само барикадите на главниот мост преку Ибар во Митровица. „Нашата клучна задача - да обезбедиме слобода на движење, е остварена. Горд сум и сакам да им заблагодарам на сите војници на КФОР за овој успех“, рече 59-годишниот Древс.

До неодамна Древс звучеше поинаку. Тој на почетокот на август беше

Pressekonferenz in Pristina, Kosovo mit General Erhrad Drews

Ерхард Древс извлече позитивен биланс

резигниран поради српските барикади во Митровица. На крајот на јули генералмајорот се жалеше дека безбедносната состојба на Косово „воопшто не е стабилна“ и дека „и мали инциденти можат да предизвикаат широки судири“.

Критичарите, и Албанци и Срби, извлекуваат негативен биланс. Под команда на Древс, како што се вели, дојде до многу уназадувања. Поради тензичната состојба, Германија и Австрија испратија таканаречени Операционални резервни сили, односно 700 војници за интервенција. НАТО смета дека и натаму има „можен потенцијал за влошување на состојбата“.

Приштина посакува поголема поддршка

Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи е разочаран поради тоа што војниците на КФОР не се доволно ефикасни. Сепак, соработката на безбедносните сили на Косово и КФОР е и натаму многу добра. „КФОР беше и

Kosovo Deutschland Bundestag entscheidet über Kosovo-Einsatz

Критики на сметка на КФОР има и од страна на Албанците и од страна на Србите

останува една од најугледните институции на Косово. Тие си ја вршат работата, вели Реџепи. Тој посакува поголема поддршка на КФОР за ЕУЛЕКС и за косовската полиција, пред се‘ кога стаува збор за апсење и изведување пред суд на криминалците на северот на Косово. „Овие структури стојат зад насилството кое избива одвреме-навреме. Тие и сега можат да предизвикаат тензии на северот на Косово, но не во цело Косово“, вели министерот.

Србите на северот ги избегнуваат официјалните гранични премини кон Србија и користат „алтернативни патишта“. И покрај многуте обиди, војниците на КФОР не успеаја да ги затворат илегалните гранични премини. Истовремено, и Србите на северот на Косово ги обвинуваат меѓународните трупи дека се неуспешни и дека премногу ги поддржуваат институциите во Приштина.

Пред голем предизвик

Новиот командант на КФОР, 56-годишниот генералмајor Фолкер Халбауер, кој денеска ја презема должноста, е шести командант Германец на Косово од 1999. година. Тој уште на почетокот ќе има потешка задача од неговиот претходник. На 10 септември, имено, официјално се укинува таканаречената „надгледувана независност“ на Косово.