1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Промена на генерациите во шефовските фотелји

Средните фирми и натаму важат за еден од најстабилните столбови на германското стопанство

Овие фирми вработуваат повеќе од 65 насто од сите работници, обучуваат скоро 80 насто ученици и произведуваат околу 45 насто од целокупниот бруто-приход. Притоа, во голем дел станува збор за семејни фирми кои во голема мера треба да решат еден проблем: наследник на чело на фирмата.

Во околу 400 илјади фирми со околу 5 милиони вработени во наредните три години ќе треба да се случи пормена на генерациите на шефовското столче. Кај скоро 25 насто фирми постои договорно фиксирана регулатива што се однесува на предавањето на фирмите. Ако сениорот ја предаде предоцна, тогаш, како што потврдуваат истражувањата, се заканува пропаѓање. Така, од стопанскиот пејасаж за пет години исчезнаа скоро 50 насто од сите вакви фирми откако основачот ја завршил кариерата. Освен тоа, само помалку од 5 насто доживуваат промена до третата генерација. Не случајно важи правилото:“Наследи и уништи“. Не ретко наследниците не покажуваат никаков интерес за преземање на фирма, или пак на сениорот не можат ниту вода да му носат. Помош во вакви случаи нуди Институтот за семејни фрими од приватниот универзитет Витен. Освен што се обучуваат студенти кои се запознаваат со проблемите на средните фирми, туку институтот, како што вели економистот Херман ван Бемел, дава и стручни совети за решавање на такви проблеми:

“Синови и ќерки или луѓе кои сакаат да ја преземат одговорноста за иднината на семејните фирми овде можат да го добијат она што им е потребно за специфични знаења. Во моментов главно станува збор за актуелни случаи зашто во многу такви фирми токму во моментов најголем проблем е наследувањето“.

Често се покажува дека проблемот при примопредавањето се наоѓа во меѓучовечките односи. Посебно кога газдата не сака да си замине. Во такви случаи е потребна психолошка обработка на семејната околина:

“Пред да биде создаден овој институт водевме голем број разговори со семејни фирми и ако имаше некоја точка за која сите беа согласни тогаш тоа е: нам ни треба психолошката компетенција на институтот. Има едно место што ќе биде пополнето со двајца експерти од ова подрачје. Тоа потоа ќе биде интегрирано како во истражувањата, така и во советувањето“.

Токму во областа на советувањето постои потреба и тоа е познато во високото стручно училиште за средните фирми во Билефелд. Ова училиште за три години создава кадри за наследни сили за средните фирми. За овој концепт се заинтересира дури и една фирма каква што е “Порше“, вели професор Волфганг Кригер:

“Во Порше на пракса се наоѓаат тројца наши студенти зашто велат: сакаме да ги запознаеме и тие структури. А, во Порше велат: супер е тоа што од вакво стручно училиште се интересираат за нашиот процес на управување”“.

Една третина од студирањето отпаѓа на повеќемесчена работа врз проекти во фирми. Овој ран скок во студена вода, вели професор Кригер, никому не му наштетува:

“Она што можеме да го ветиме како достигнување е дека подготвуваме стручни и водечки луѓе за сите функции. Значи, тргнуваме од тоа дека студентите ќе преземат водечки функции. Сега на пример, околу една третина студенти се од семејни фирми кои по завршувањето ќе се вратат во нив. Според тоа, мораат да бидат подготвени да преземат водечка одговорност“.