1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Промена на водството во еднопартиската диктатура

Во Пекинг денеска(08.11) почна 18. Конгрес на Комунистичката партија со учество на 2200 делегати. На неговиот крај Кина ќе има ново раководство. Кои се одвива смената на власта?

И самото тоа што најголемата политичка организација на светот, со 80 милиони членови, одржува партиски конгрес, е вредно за вест. Значењето на ваков конгрес е уште поголемо бидејќи се одржува на секои пет години. Актуелниот конгрес пак, има дополнително значење за светската политика, зашто Комунистичката партија освен втората светска економска сила ја контролира и според бројноста најголемата армија опремена со атомско оружје и интерконтинентални ракети, сега треба да дојде и до смена на врвот на партијата, а со тоа и на државата.

Bildergalerie China Geschichte Deng Xiaoping

Денг Ксиаопинг

Колективно раководство

Организацијата на смената на раководството во авторитарните системи е тежок политички маневар. Кинеските комунисти се обидоа да го ублажат овој често насилен и хаотичен процес. Мотото овде гласи: „колективно раководење“. На чело на државата не треба да стојат предимензионирани раководни фигури како Мао Це Тунг и Денг Ксиаопинг, туку тим технократи. Тие се всушност членовите на Постојаниот комитет на Политибирото. Врховното раководство се менува секои десет години. Моментно, фактичкиот центар на моќта во Кина се состои од девет членови. За него постојат строги старосни критериуми за избор. Така, на пример, на последниот партиски конгрес во 2007. година, во Централниот комитет беа примени само оние родени по 1940. година. На овој, 18. партиски конгрес, од девет членови, седум ќе бидат сменети.

Parteitag China Kommunistische Partei

Конгрес на Комунистичката партија

Одозгора надолу

Теоретски, според статутот на Комунистичката партија, процесот на избор на раководството се одвива одоздола нагоре. Повеќе од 2.200 илјади делегати на партискиот конгрес избираат членови на Централниот комитет, вкупно 350. Централниот комитет пак, од своите редови избира 25 членови на Политбирото, од нив деветмина политичари влегуваат во Постојаниот состав на Политбирото, од кои еден е генерален секретар на партијата. Државната и партиската власт се едно. Така, генералниот секретар воедно е и претседател на државата, а претседателот на владата и претседателот на парламентот автоматски се наоѓаат во Постојаниот одбор на Политбирото.

Во реалноста, изборот на најмоќните луѓе во партиската и државната хиерархија се одвива одозгора надолу: партискиот врв ги одбира членовите на Централниот комитет, а партискиот конгрес само ги одобрува. Потоа тоа оди натаму: Централниот комитет ја потврдува однапред добиената листа со кандидати за Политбирото и неговиот Постојан одбор.

Der Badestand von Beidaihe

Омилено летувалиште кај обичните Кинези и партискиот врв - Беидаие

Пазар на моќ

Однапред е утврдено кој ќе биде член на најтесниот круг на власта. Најважни сили во оваа борба се пензионерите - бившите членови на Политбирото и пензионираните политичари кои влечат конци од заднина: на прво место треба да се спомене бившиот шеф на државата и партијата Џијанг Цемин, но и бившиот премиер Ли Пенг. Сегашните шеф на партијата и државата Ху Џинтао и неговиот претседател на владата Вен Џијабао дури лично во 1997. година ги избра покојниот „архитект на реформите“ Денг Ксиаопинг. Важен пазар за одмерување на односите на моќ меѓу различните фракции во рамките на Комунистичката партија е морското одморалиште Беидаие на Источнокинеското Море, оддалачено само два часа со брз воз од Пекинг. Во летото овде, во дискретните вили на плажите, зад затворени врати, се водеа жестоки битки околу идниот состав на Политбирото. Политичкиот скандал околу поранешниот партиски шеф на кинескиот најголем град Хонгкинг, Бо Силаи, го поремети тешко постигнатиот план за врвот на партијата. Кој покрај идниот партиски и државен шеф Ши Џинпинг и идниот премиер Ли Кечијанг на крајот ќе ја добие власта во рацете, ќе биде познато дури на крајот на партискиот конгрес, на прес-конференција.