1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Промена на власта под знакот на кризата

Политичката промена во Кипар е целосна. Лидерот на конзервативците Никос Анастасијадис стана нов претседател на островската држава и со тоа го замени на функцијата комунистот Димитрис Христофијас.

Со 57,5 насто освоени гласови Никос Анастасијадис победи во вториот круг на претседателските ибори изненадувачки убедливо пред кандидатот на досега владејачката левичарска партија Ставрос Малад. Негов најголем предизвик ќе биде да спречи банкрот на неговата земја односно да ги договори деталите за спасувачкиот пакет со меѓунароните доверители кои инстистираат на буџетска дисциплина.

Цели осум месеци претседателот во заминување Христофијас преговараше со т.н Тројка, составена од Европската унија, Меѓународниот монетарен фонд и Еврпската централна банка за спасувачкиот пакет во висина од 17,5 милијарди евра. Наводно генерална согласност веќе е постигната, меѓутоа важните прашања , посебно за продажбата на државниот имот и натаму остануваат отворени. Во изборната кампања Анастадијадис вети реформи и санација на државниот буџет, но неговите намери околу приватизацијата на државните претпријатија останаа непознати. Во првото обраќање по изборната победа лидерот на конзервативците се обиде да внесе оптимизам, истакнувајќи дека заедно со сите политички сили и со народот ќе се бори за надминување на кризата и за враќање на патеките на економскиот раст. „Сакаме модерниација на државата и спроведување на далекусежни реформи, како што е наведено во нашата програма“, изјави новоизбраниот претседател на Кипар.

„Избраник на Меркел“

Wahlen Zypern Präsidentschaftskandidat Stavros Malas

Левичарскиот претсдателски кандидат Ставрос Малас

Куриозитет беше тоа што првиот настап на Анастасијадис по изборната победа не беше пред неговите приврзеници, туку во седиштето на социјал-либералната партија ДХКО - очигледно гест на благодарност кон идниот коалициски партнер, кој во последните месеци остро заврте во десно и со тоа му помогна на Анастасијадис да оствари победа на изборите.

За отрезнување на изборната вечер се погрижи конзервативниот политичар Јоанис Касулидис кој важи за иден министер за надворешни работи. Тој на кипарската телевизија го предупреди народот дека е потребно итно да се дејствува за да може навреме да се спречи државен банкрот.

„Мораме што е можно побргу да склучиме договор со ЕУ и притоа да се бориме за што е можно подобар исход на преговорите“ , изјави прагматичниот политичар Касулидис.

За да се осигура спасувачкиот пакет, новоизбраниот претседател треба да ги искористи неговите добри врски со моќниците во Европа, пред се’ со Ангела Меркел. Тоа нешто не му создаде само пријатели во Кипар. Кусо пред вториот круг на изборите генералниот секретар на левичарската партија Андрос Кипријану остро го критикуваше Анастасијадис поради неговиот добар однос со Берлин. „Господинот Анастасијадис е избраник на госпоѓата Меркел. Тој е избраник и на Дојче банк, Вол стрит и Фајненшл тајмс. Сите тие во неговата победа гледаат единствена шанса да си ја спроведуваат сопствената политика на Кипар, политика која не само Европа, туку и целиот свет го доведе до актуелнава криза“, порача Кипријану.

Дистанца од кипарското прашање?

Zypern Grenze UN

На границата меѓу грчкиот и турскиот дел на Кипар

Конфликтот со турскиот северен дел на Кипар, од друга страна, падна во сенка на кризата. Но тој не загуби во експлозивност и емоционалност и наскоро би можело да биде тест за издржливост на владата на Никос Анастасијадис. За потсетување - пред десет години денешните коалициски партнери огорчено спореа околу планот на тогашниот генерален секретар на ОН Кофи Анан за решавање на кипарското прашање. Како ниту еден друг политичар во земјата Анастасијадис се залагаше за прифаќање на планот, додека тогашниот претседател и лидер на ДХКО Тасос Пападопулос категорично го отфрлаше.

За да ја придобие довербата на поранешниот противник Анастасијадис мораше на социјал-либералите да им вети дека ќе се дистанцира од планот на Анан и сите слични предлози за преговори од ОН. Во изјава за печатот тој синоќа сепак сакаше да се избегне впечатокот дека е против барањето решение за кипарското прашање:

„Во моментов им се обраќам на нашите турско-кипарски сограѓани за да им испратам поракана за мир и пријателство. Имаме искрена намера да постигнеме ршение за да можеме заедно да живееме во заедничка европска татковина која ги почитува нашите човекови права и на сите граѓани им овозможува благосостојба и напредок“ рече Анастасијадис.

Без оглед на се’ ,во спорот меѓу грчкиот и турскиот дел на Кипар многу важни прашања и натаму остануваат натаму се без одговор. Кипарското прашање останува голем предизвик за Никозија и по промената на власта.