1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Промена на власта во Чешка

Чешка стои пред промена на власта. По пребројувањето на гласовите од предвремените парламентарни избори, тесна победа однесоа социјалдемократите. Формирањето на влада ќе биде меѓутоа тешко.

Од 2006. година социјалдеморактите во Чешка беа во опозиција, сега по парламентарните избори се најсилна политичка партија во земјата. Социјалдемократската партија ЧССД под раководство на поранешниот министер за финансии Бохуслав Соботка, според првичните резултати освои 20,5 проценти од гласовите. Изненадување приреди протестната партија АНО на милијардерот Андред Бабиш, формирана во 2011. година: таа освои дури 18,7 проценти. Комунистите освоија 15 проценти гласови. Спроед очекувањата, граѓаните ја казнија досега владејачката граѓанска коалиција.

„Резултатот можеби не е она што ние си го замисливме, но од сите партии имаме најголема поддршка“, рече Соботка пред новинарите. Тој бил подготвен да води коалициони разговори со сите партии. Бабиш меѓутоа ја исклучи можноста за сојуз со социјалдемократите: „Ние нема да поддржуваме влада со учество на ЧССД“, изјави претприемачот. Експертите очекуваат дека во Прага ќе се водат тешки преговори за формирање на нова влада.

Крај на преодната влада

Околу 8,4 милиони граѓани со право на глас од петокот избираа нови 200 пратеници. На избор имаше 5.900 кандидати - рекордна бројка. Според проценките, учеството на изборите беше ниско, околу 60 проценти.

По аферата околу поранешниот премиер Петр Нечас претседателот Милош Земан формираше експертски кабинет под раководство на економистот Јиржи Руснок. Но оттогаш политиката во оваа земја на ЕУ во голема мера беше блокирана.